Во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш се одржа работна средба посветена на унапредувањето на здравствените услуги и подобрувањето на условите за работа во установата. На средбата присуствуваа директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, директорот на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, д-р Стојанче Петров, градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, и пратеничката д-р Моника Трајанова. Во текот на разговорите беше направен осврт на тековните потреби на здравствената установа, како и на можностите за обезбедување нова медицинска опрема и дополнително унапредување на условите за работа. Посебен акцент беше ставен на подобрувањето на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓаните. Соговорниците ја истакнаа заедничката заложба за создавање современи услови за работа на здравствените работници и обезбедување поефикасна, подостапна и поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани. Учесниците на средбата изразија подготвеност за понатамошна соработка и координација со цел реализација на активности што ќе придонесат за развој и модернизација на здравствениот систем на локално ниво. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Дипломи и насмевки на последниот тренинг – РК Радовиш им посака среќен распуст на најмладите ракометарчиња Месната заедница од село Тополница упатува покана за отворена средба со жителите