Во сабота ќе се одржи првиот рагби натпревар на клубот Вардар против српскиот вицешампион Партизан. Настанот е закажан за во 15.00 часот, на 16 март на теренот Млади Лавови во Ѓорче Петров во Скопје. Овој натпревар ќе биде од хуманитарен карактер, и ќе биде поставена кутија за донации за Сандра Дејановска од Радовиш која моментално е на лекување во Турција. Од Рагби клубот Вардар се забалагодаруваат на Јован Вујошевиќ од Европската Рагби Лига кој со неговата помош е заслужен за реализирање на овој натпревар, како и на тимот на рагби клубот Партизан, кој за краток период се согласи да учествува на овој натпревар. Исто така искажаа благодарност од клубот до градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за помошта и поддршката за овој настан. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СОВЕТНИЦИТЕ ЈА РАБОТЕА 45 СЕДНИЦА НАЈМНОГУ ДОЖД ВО РАДОВИШ 37 ЛИТРИ НА КВАДРАТ, ВО СКОПЈЕ 22