Радовишкиот кикбоксер Мирче Василев од нашиот клуб Адреналин продолжува со одличните настапи на меѓународната сцена, освојувајќи ново светско одличје на турнир од Светскиот куп што се одржа во Италија.
Василев настапи во дисциплината K-1, во категоријата до 71 килограм, каде што со одлични борби успеа да се пласира на третото место. Бронзениот медал го подели со претставник од Австрија, во силна конкуренција на натпреварувачи од повеќе држави.
Со овој резултат, Мирче уште еднаш го потврди својот квалитет и континуитет на големите меѓународни натпреварувања, носејќи нов успех за македонскиот кикбокс.
Настапот на престижниот турнир од Светскиот куп претставува уште еден значаен чекор во неговата кариера и дополнителна афирмација на македонските спортисти на светската сцена.
© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!