Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и самуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Иако, генерално, традицијата е распостранета секаде во Македонија, постојат неколку оригинални рецепти што може да се сретнат само во Радовиш. Поради тоа, од оваа рубрика „Радовишки марифети“ , ќе ви претставиме неколку радовишки кулинарски тајни. Радовишка АЛВА – (Најстар рецепт за алва) Состојки: 1,2, 3/4 филџан зејетин 2 филџана гриз 3 филџана шекер 4 филџана вода Подготовка: Се пржи гризот за да добие светло кафена боја. Потоа се додава зорвиениот шекер со водата и се меша добро се додека не почне да се одлепува од тенџерето. Алвата се оформува со лажица, или мали калапчиња по желба, а може да се дададат и ораси, пржен сусам или суво грозје. По старски алвата уште топла се вади со голема лажица и се става во плитка чинија , а ако сакате можете тоа да го направете и поинаку, или да додадете во смесата чоколадо или какао , може да ставите сецкани ораси …. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА