Рудникот Бучим распиша огласи  за вработување 

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


Вработување на Раководител на смена Флотација

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Организација и контрола на производствен процес флотација
  • Управување со човечки ресурси во смена
  • Управување на техничка опрема, мелници, флотациски ќелии, филтри, пумпи
  • Заштита при работа индустриска и противпожарна безбедност
  • Води евиденција и врши известување
  • Координација со оддели хидројаловиште и секундарно дробење
  • Пријава и отклонување дефекти на работното место со вработени во смената
  • Изготвува документација, сменски извештаи за преработена руда и води дневник на активности во смената
  • Управување со автоматски системи SCADA

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС/Рударско геолошки факултет минерална технологија,ПМС или рударско-геолошка општа насока, Факултет за природни и технички науки,отсек рударство
  • MS Office, (потребни вештини);
  • Ракување со SCADA системи.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Раководител на смена Флотација “.

Краен рок за поднесување на апликации: 19.06.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Вработување на Машински инженер

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Координира, организира сите работни задачи во машинска работилница и на терен со помош на  работници во службата за машинско одржување во делот на Багери и Дупалки;
  • Учествува во анализа на дефекти и предлага мерки за нивно отстранување во најкраток можен времески период;
  • Дава инструкции и врши обука континуирано на нови и постоечки работници за безбедно и правилно одржавање на опремата;
  • Води континуирано записи кои директно произлегуваат од одржувањето на опремата;
  • Контрола за навремено и квалитетно извршување на работни интервенции;
  • Врши неделни и квартални контрола врз опремата- Багери-Дупчалки по годишен план;
  • Пополнување на матични книги за секоја машина;
  • Изготвување на листи за преоритетни делови за замена на месечно ниво;
  • Изработка на технички извештаи на месечно ниво за сработените активности;
  • Читање на работилнички цртежи и хидраулични шеми од опремата;
  • Информирање на претпоставениот за секоја работна активност.
  • Тимско работење со Машинобравари и Заварувачи од 12 работници;
  • Координација помеѓу производство, електро одржување и др. оддели во компанијата.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Машински факултет ( Смер – Моторни возила, Хидраулика, Производно инженерство)  се смета за предност.
  • Работно искуство од најмалку 3 години;
  • Потребно познавање на MS Office, AutoCAD, SolidWorks;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Развиени комуникациски и организациони вештини
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

 ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок:

  • 08:00 – 16:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Раководител на утоварна и дупчачка опрема”.

Краен рок за поднесување на апликации:19.06.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!