Ракометниот клуб Радовиш го помина подготвителниот период за пролетниот дел од сезоната, кој ќе започне утре 8 февруари. Во овој подготвителен период РК Радовиш одигра контролни натпревари со РК Неготино и РК Младост, а утре започнува со натпреварот од Супер ракометната лига против ГРК Тиквеш во Кавадарци. Следниот викенд во Радовиш гостува екипата на РК Струга, а до крајот на регулариот дел од сезоната без Плеј-аут завршницата остануваат уште натпреварите со РК Борец, РК Пролет, и МРК Куманово во Радовиш. Натпреварот утре е закажан во 12.00 часот, а сите љубители може да го проследат во живо на каналот на МРФ. Post navigation Нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во село Коџалија Студено утро, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност