Рудникот Бучим распиша оглас за вработување
Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:
Отворена работна позиција – Млинар
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Контрола на мелници и процесот на мелење: Надзор на работата на мелниците, следење на процесот на мелење и обезбедување дека опремата функционира согласно пропишаните параметри.
- Одржување и чистење на работниот простор: Редовно одржување и чистење на млинскиот подрум за да се обезбеди безбедна и продуктивна работна средина.
- Контрола на циклонски пумпи и хидроциклони: Следење на работата на циклонските пумпи и хидроциклоните, со цел навремено откривање и решавање на проблеми.
- Контрола на дозирање на руда: Обезбедување точна и континуирана дистрибуција на руда во мелниците за оптимално функционирање на процесот.
- Контрола на дозирање на челични топчиња: Следење и дозирање на количина на челични топчиња во мелницата.
- Извршување дополнителни задачи:Спроведување на други активности според налогот на претпоставениот за кои поседува соодветна обука и компетенции.
- Работа со мелници за минерали: Надгледување и управување со мелниците за мелење на рудата до потребната гранулометриска големина, проверка на оперативните параметри на мелниците, како што се брзината, притисокот и излезниот квалитет на материјалот и осигурување дека материјалот е правилно подготвен за следните процеси во флотацијата.
- Контрола на процесот на мелење: Мониторинг на протокот на материјалот низ системот, регулирање на дозирањето на рудата и водата според барањата на процесот и одржување на конзистентен и квалитетен излезен производ од мелниците.
- Одржување на опремата: Редовно проверување на состојбата на мелниците, лагерите, преносните елементи и другата опрема, изведување на рутински задачи за чистење и подмачкување на опремата и пријавување на сите дефекти или неправилности на претпоставениот и асистирање во поправките кога е потребно.
- Контрола на квалитетот: Земaње и анализа на примероци од мелената руда за да се обезбеди постигнување на посакуваните параметри, известување за сите отклонувања од стандардите на мелење.
- Безбедност и усогласеност: Придржување кон сите протоколи за безбедност и здравје при работа, користење на лична заштитна опрема (ЛЗО) за време на извршување на работните задачи, и осигурување дека работната средина е чиста, безбедна и функционална.
- Евиденција и известување: Подготовка на извештаи за претпоставените во врска со производните и техничките параметри.
- Соработка со други тимови: Комуникација со операторите во флотацијата за усогласување на процесите.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Средно стручно образование (рударско – геолошка – металуршка струка);
- Способност за тимска работа;
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
- Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
- Можност за вработување без работно искуство;
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во смени со следниот распоред:
- 06:00 – 14:00 часот
- 14:00 – 22:00 часот
- 22:00 – 06:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Млинар”.
Краен рок за поднесување на апликации: 18.12.2024 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. |
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови