Општинската изборна комисија Радовиш денеска ги додели уверенијата на новоизбраните советници од локалните избори кои се одржаа на 17-ти октомври. Советот на општина Радовиш го сочунуваат 19 советници, осум од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, шест од СДСМ и коалицијата, три советника од коалицијата ЛДП/ДОМ и два советника од независната советничка листа. Од моментот кога ОИК ги додели уверенијата, Советот на општина Радовиш може да ја свика првата седница. ОИК и службено денеска ќе ги достави тие уверенија до архива на општина Радовиш, за да може понатаму тие да ги преземат своите постапки за понатамошно работење на Советот на Општина Радовиш. Конститутивна седница, се очекува идната недела. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НОВИ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО, ШЕСТМИНА НАРОДНИ ПРЕТСТАВНИЦИ СТАНАА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА РАДОВИШ