Минималната температура денес ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени. Утре ќе биде студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови претежно од пладневните часови ќе има услови за појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Времето во наредните денови До среда ќе се задржи стабилно и суво време со студени утра, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во среда во текот на ноќта и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег. Post navigation РК Радовиш го започнува пролетниот дел од првенството Обид да се изврши тешка кражба во продажен објект во Радовиш