Фондацијата Чифлиганец денес донираше 12 персонални компјутери и 6 таблети за образовните институции од општина Радовиш. Среќен почеток во новата учебна година на неколку училишта од Радовиш им посака генералниот директор на Адора инженеринг проф.д-р Ванчо Чифлиганец и извршната директорка, д-р Драгана Д. Чифлиганец со донација на нови компјутери. “Во вакви тешки времиња на пандемија КОВИД 19 Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец реши со донација од 12 нови персонални компјутери и 6 таблети на неколку училишта во Радовиш да им помогне на наставниците и на учениците непречено да ја реализираат и следат on-line наставата. Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата во присуство на директорите на училиштата. Тие изразија огромна благодарност и порачаа дека оваа иницијатива на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец” ќе биде пример кој ќе го следат и други компании, организации. Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е основана во 2014-та година од Адора инженеринг, како круна на нејзината корпоративна општествена одговорност и продолжение на долгогодишната филантропска традиција на проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Мисијата на фондацијата е да го поддржи и унапреди развојот на образованието, науката, спортот, културата, уметноста, да организира хумани и други активности, со цел да придонесе за изградба на подобро и поздраво општество, посреќен и порамноправен свет, со еднакви можности за сите. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА МЛАДИ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „КАРAМАНОВ 2020„ ЗА ПОЕТСКИОТ РАКОПИС „РАЗДЕН„ ОД ПИСАТЕЛКАТА КРИСТИНА НИКОЛОВСКА