Денеска беше спроведена активност за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Радовиш при топлотен бран. Поради високите температури нашите волонтери денеска излегоа на терен и поделија вода и флаери за превенција и заштита ,,КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН“. Препорака од Институтот за Јавно здравје и метео – алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се советуваат сите граѓани: -да не излегуваат за време на најтоплиот период од денот од 10 ч. до 17 ч. – избегнувајте напорни физички активности на сонце – постојано внесувајте течности – избегнувајте мрсна калорична храна – носете светла лесна облека и заштитни очила и капа Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош; Напиjте се вода за да се рехидрирате!!! ОО Црвен Крст Радовиш Post navigation Поддршка на сточарите со исплата на финансиска поддршка „Резидентно“ и „нерезидентно“ – укинати делови од Методологијата за попис