Радовишки АЈВЕР – есенски мирис во воздухот Ајверот е еден од традиционалните Радовишки специјалитети, највкусен македонски специјалитет и главен дел од зимницата, а за негова подготовка потребно е доста напорна работа. Во Радовиш и Македонија најголем број домаќинства го подготвуваат во домашни услови по традиционален рецепт. Подготовката на ајверот е кон крајот на летото и почетокот на есента, кога има изобилство на црвени чушки кои се главна состојка на ајверот. Одберете убави црвени чушки со рамни површини кои се поедноставни за печење, а исто имаат и подебели ѕидови со што по лупењето ќе има поголема количина за ајвер. Потребни состојки 25-30 kg. Црвени чушки 10 Патлиџани модри 2-3 lit. Зејтин 100 гр. Шекер 50 ml. Вински отцет Сол по вкус, (по желба додаваме ако сакаме моркови, лук, лути чушки, бибер и др…) Традиционална подготовка Чушките и патлиџаните се мијат и сушат. Потоа се печат од сите страни. Печени се кога ќе потемнат и кога лушпата ќе почне да се одвојува. Се ставаат во најлонска кеса да отстојат. Лупејки се вадат семките и се исцедуват, потоа се мелат Измелени се ставаат во тенџере заедно половина од зејтинот, и се додава сол по желба и вкус. На нормална температура се прже 2-3 саата со постојано мешање. На еден час од пржењето го ставаме и останатиот дел од зејтинот и по вкус додаваме дополнителни зачини и сол. Течноста кога ќе испари и при мешањето ќе се познава цврста смеса тогаш ајверот е готов. Знак дека ајверот е готов е кога ќе забележеме дека зад бркалката со која мешааме можеме да го видиме дното на тенџерето. Го полниме теглите, кои претходно треба да се измијат и загреат околу огинот. Наполнените тегли или ги оставаме до огинот или ги ставаме во рерна да се запече површинскиот слој. По малку зејтин на веке запечениот слој додаваме на крајот. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денешен ден 27 Септември… Мицкоски: Почнува нова изборна кампања, ЗА НАС И НОВ ИСПИТ, нашите градоначалници изградија 770 км патишта, 47 км нови водоводи