ПОЕТСКИ ПОРТРЕТИ СО ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ НОВИ КНИГИ Во склоп на програмата на овогодишните „Карамановипоетскисредби“ денес во ОНБ “Браќа Миладиновци“ во Радовиш беа одржани две промоции на книги. Поетски портрет и промоцијата на најновата поетска книга „Бакнежот на судбината„ од еминентниот македонски поет Раде Силјан, каде што во рамките на оваа промоција, за поетскиот опус на Раде Силјан зборуваа Паскал Гилевски и Љубинка Донева. Исто така беше претставен поетскиот портрет на поетот Валерио Орлиќ добитник на Балканската награда за поезија Ацо Караманов, а за наградената поетска книга „Обележувам ѕвезди„ зборуваше Борче Панов. БАЛКАНСКАТА НАГРАДА ЗА ПОЕЗИЈА ЗА ПОЕТОТ ОД ХРВАТСКА, ВАЛЕРИО ОРЛИЌ, И ЗА ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА-ТРАЈКОВСКА, НАЈДОБРА ПОЕТСКА КНИГА ОД МАКЕДОНСКИ АВТОР „Карамановите поетски средби“продолжија и вечерва со Поетските меридијани кои се одржаа во Центарот за култура „Ацо Караманов“. Оваа вечер настап имаа поетите учесници на 46 карамановите поетски средби, а исто така беше доделувањето на Балканската награда за поезија „Ацо Караманов„ на поетот од Хрватска – Валерио Орлиќ, и доделувањето на наградата „Караманов„ за најдобра поетска книга од македонски автор на Даниела Андоновска-Трајковска. Средбите продолжуваат и утре. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11231″] [metaslider id=”12740″] [metaslider id=”5305″] [metaslider id=”12871″] Post navigation Европската награда за поезија „Ацо Караманов„ за познатиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон РК РАДОВИШ ЗАБЕЛЕЖА ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА ВО СТРУГА