Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на борачите, стручниот штаб и управата на Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“. Повод за приемот беа освоените репрезентативни медали на Балканското првенство и на Медитеранското првенство кои се одржаа во Грција, во доста силна конкуренција. Градоначалникот им честиташе на постигнатите успеси и изрази особено задоволство што продолжува традицијата на успесите во борењето во нашата општина со надеж дека истите ќе продолжат а во блиска иднина да се радуваме и на европски медал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НЕМА ВЕЌЕ ВОЗЕЊЕ НИЗ ШТИП! ВИКЕНДОВ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО МОЖНОСТ ЗА ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД