Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени кадровски решенија за претседатели и координатори на општинските комитети ширум државата. Од партијата информираат дека дел од назначените претседатели се докажани и искусни кадри кои со својата работа дале значаен придонес во развојот на локалните заедници од кои потекнуваат, додека дел се нови лица кои треба да внесат свежа енергија, нови идеи и дополнителни успеси во работата на општинските комитети. Во рамки на овие кадровски решенија, за нов координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш е назначен Бојан Митевски. Во Општина Конче, пак, на функцијата координатор и понатаму останува Ацо Митев, продолжувајќи со досегашниот ангажман во партиската организација. ИЕ4 1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски 2. Демир Капија – Андон Дрнев 3. Неготино – Павлинче Честојнова 4. Кавадарци – Тони Нешковски 5. Гевгелија – Димитар Вегов 6. Валандово – Јулија Тушевска 7. Богданци – Марјан Пеев 8. Дојран – Илија Тентов 9. Струмица – Методија Пасков 10. Босилово – Мито Андонов 11. Ново Село – Петар Марков 12. Василево – Славе Андонов 13. Конче – Ацо Митев 14. Радовиш – Бојан Митевски 15. Могила – Драганчо Саботковски 16. Кривогаштани – Александар Богданоски © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Градскиот пазар со интензивни градежни активности