Денес успешно се реализираше крводарителска акција во ОО Црвен Крст Радовиш, на која беа собрани вкупно 78 единици крв. Особено радува фактот што 23 дарители беа првократни, дел од нив ученици од СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш.

Младите уште еднаш покажаа дека поседуваат голема хуманост, солидарност и подготвеност да помогнат, бидејќи секоја дарувана единица крв може да спаси нечиј живот.

Голема благодарност до сите крводарители за нивниот хуман гест, како и до учениците кои за првпат се одлучија на овој значаен чекор. Вашата хуманост е пример за сите. – истакнуваат од ОО Црвен Крст Радовиш.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!