Во петок, 06 декември 2019 година со почеток од 18:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, ќе се оддржи Работилница на тема „Правилно користење на мерките во земјоделие, самовработување и мали бизниси“. Ова Работилница ја организира Канцеларијата за контакт со граѓани од Радовиш – Собрание на Македонија, а истата е поддржана во целост од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На ова Работилница свое обраќање ќе имаат пратеничката во Собранието, Милевка Ѓорѓиева, раководителот на Центарот за вработување во Радовиш, Офелија Илиева и Раководителот на Подрачна единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Радовиш, Стојан Ангелов. Целта на ова Работилница ќе биде правилно насочување на користење на мерките кои им се нудат на земјоделците, младите земјоделци, мерки за самовработување и мали бизниси. На настанот присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања до говорниците на Работилницата. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11231″] [metaslider id=”12740″] [metaslider id=”5305″] [metaslider id=”12871″] Post navigation 3-ТИ ДЕКЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ХЕНДИКЕП КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА