Средба со претставници од Шведската агенција за заштита на животната средина и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање кои се носители на проектот „Поддршка на пристапувањето на Македонија кон ЕУ во областа на животната средина“ (SMEF), финансиран од Шведската агенција за заштита на животната средина, а чиј корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање. На овој состаноко се дискутираше за потенцијалните чекори и поддршка на локално ниво, каде што Општина Радовиш ќе биде вклучена како активен партнер и поддржувач во проектните активности. На оваа средба градоначалникот Љупче Почивалец беше запознаен за проектот преку кој ќе се реализира компонента посветена на земјоделство и сточарство со високи природни вредности, која има за цел да ја истакне улогата на традиционалните земјоделски практики во зачувувањето на биодиверзитетот во уникатните природни предели во нашата држава. Традиционалните активности на малите земјоделци и сточари кои претставуваат значаен придонес за зачувување на ретки и загрозени видови, за одржување на здрави екосистеми и за ублажување на ефектите од климатските промени преку одржливо управување со земјиштето. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Улиците „Ванчо Прќе“ и „Пере Тошев“ целосно добија нов асфалтен слој ЗАДУШИЦА – помен и молитва за упокоените