Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, денеска оствари средба и прием на делегација од Република Турција, составена од претставници на збратимените општини со Општина Радовиш.

Делегацијата беше предводена од градоначалникот на Ташкопру, Исмаил Арслан, а во нејзиниот состав беа и градоначалникот на Чинарџик, Авни Курт, градоначалникот на Чифлик кој Јалова, Адил Јеле, како и советници и претставници од овие општини.

На средбата беше разговарано за досегашната соработка и пријателските односи меѓу Општина Радовиш и збратимените општини од Република Турција, како и за можностите за нивно продлабочување во наредниот период.

Посебен акцент беше ставен на размената на искуства, соработката на локално ниво, културната размена, реализацијата на заеднички иницијативи и создавањето нови можности за поврзување на граѓаните и институциите.

Градоначалникот Почивалец изрази благодарност за посетата, нагласувајќи дека ваквите средби се важен придонес кон продолжување и унапредување на пријателските односи меѓу Радовиш и општините од Република Турција.

Пријателството меѓу општините, како што беше истакнато на средбата, претставува добра основа за идна уште посилна соработка и реализација на конкретни проекти од заемен интерес.

Средбата помина во исклучително пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка заложба досегашните односи да продолжат да се развиваат и во иднина – информираат од Општина Радовиш.

 

 

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!