Делегација од општина Радовиш беше во посета на збратимената општина Тетевен, на покана од страна на Градоначалникот на општина Тетевен г-ѓа Мадлена Бојаџиева. Делегација предводена од Градоначалникот Герасим Конзулов беше во посета на збратимената општина Тетевен во Република Бугарија, а посетата беше во склоп на празникот на Градот Тетевен „1-ви Ноември“ -денот на ослободувањето на градот. Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со делегацијата од општина Радовиш присуствуваа на Светата божествена литургија, и Духовниот концерт организиран по повод овој значаен празник на Тетевен, а исто така имаа обиколка и посета на културно историските споменици во општина Тетевен. Исто така во посета на Тетевен, во организација на Центарот за Култура „Ацо Карманов“ беа и нашите „Распеани радовишани“ кои учествуваа на празничниот јубилејен концерт на МБГ „Вежен“. Post navigation КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НОВА КОМУНАЛНА ОПРЕМА ЗА ЈП ПЛАВАЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5.8 МИЛ. ДЕН.