Црвен крст-Општинска организација Радовиш го одбележа Денот на основањето на Црвен Крст и Денот на крводарителите. Меѓународното движење на Црвениот крст е настанато како резултат на желбата да им се помогне и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно. Црвениот крст е отворена организација и ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди. Денеска Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов заедно со Секретарот на ОО Црвен Крст – Радовиш Верица Беќарова им доделија благодарници на крводарители кои имаат 10 дарувања на крв. Доброволното дарување на крв претставува израз на високи етички, хумани и морални вредности, да се дарува крв и да се спаси нечиј живот и висок чин на хуманост и благодарност. Благодарение на изразената свест кај илјадници наши сограгани, спасени се многу човечки животи. Изјави Секретарот на Црвен крст на општинска организација Радовиш. ФОТО ГАЛЕРИЈА Post navigation ОДИГРАНО 19 КОЛО ОД ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА 250 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 50 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД РАДОВИШКО-СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН