Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8 Утре ќе преовладува исто така сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во горниот дел на Повардарието од северен правец. УВ=8 До среда ќе се задржи многу топло време. Дестабилизација со локална појава на пороен дожд и грмежи се очекува во среда попладне, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени, а во петок врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места. УХМР *Фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОД ДЕНЕСКА НА СИЛА СТАПУВААТ НОВИТЕ КОВИД МЕРКИ 40 ХУМАНИ РАДОВИШАНИ ОД ВЧЕРАШНАТА ГРАЃАНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА