Енвер Хусејин кој е од Радовиш, претходен Државен секретар во Министерството за образование и наука е избран за заменик на министертата која раководи со Министерството за труд и социјална политика. Хусејин беше кандидат за пратеник од Турската демократска партија како коалиционен партнер на СДСМ од одржаните избори. Заменици-министри – Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана, – Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи, – Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии, – Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда, – Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, – Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи, – Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија, – Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, – Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство, – Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, – Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика, – Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа, – Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура, – Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, – Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и – Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ЗА 169 УЧИЛИШТА СОВЕТОТ ДОБИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ВЕРИФИЦИРАН МАНДАТОТ И НА НОВИОТ СОВЕТНИК