ЗАВРШИ ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВАТА УРБАНА ОПРЕМА ВО РАДОВИШ Во Радовиш изминатите денови на повеќе локации од градот постави нови архитектонски елементи како клупи, столчиња, корпи за отпадоци, велопаркинзи, заштитни столбчиња и жардиниери. Уникатниот дизајн се базира на естетиката на свиткан челик и природна комбинација со дрвени класични елементи, како површина за седење со кои се изработени три вида на клупи и столчиња. Елеганцијата на перфорираниот челик најдобро го доловува карактерот на корпите за ситен отпад офарбани во доминантно жолта боја, мат графитно сива и темно зелени. Иновативниот дизајн на велопаркингот овозможува на секој велосипедист слободно да го остава безбедно својот велосипед заклучен на челичната рамка. Post navigation ПОРАЗИ ЗА НАШИТЕ ВТОРОЛИГАШКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ „УБАВИ СМЕ, СВОИ СМЕ“ – МОДНА РЕВИЈА