На теренот во ООУ „Никола Карев“ се одржа традиционалниот турнир во Баскет „STREETBALL 3×3 RADOVIS 2023” кој беше под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Ацо Ристов. Во одлична спортска атмосфера и пред многубројни љубители на уличниот баскет, вчера беа одиграни полуфиналните и финалните натпревари. Овогодишни освојувачи на првото место се екипата „СНАГА“ од Чаир – Скопје, кои во финалето ја победија екипата „ЗЛАТАРА НИКО“ од Радовиш. Третото место го освои екипата на Гевгелија. Пехарите, медалите и ваучерите на најуспешните ги додели Градоначалникот Ацо Ристов, упатувајќи голема благодарност до сите учесници. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation „ДО КОГА“ УШТЕ ЕДНО ДЕЛО НА РАПЕРОТ „LEON“ ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОРАОВИЦА 2023“ СО НАГРАДЕН ФОНД ОД 290.000 ДЕНАРИ