И денес имаше богата програма од „Карамановите поетски средби“ кои се одржија изминатите денови. Најпрвин во ОУБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш се одржа Омаж за големиот македонски поет Матеја Матевски и промоција на книгата „Дождови“. За книгата зборуваше авторот на изборот и поговорот за оваа книга – Раде Силјан, исто така свое излагање за поетот Матеја Матевски имаше и гостинот познатиот шпански и светски поет – Хусто Хорхе Падрон. Потоа беше одржана и промоцијата на наградената книга од македонски автор која годинава ја доби Даниела Андоновска-Трајковска за книгата „Електронска крв„. Вечерта беа одржани поетски меридијани за најмладите – средба на поетите од Шпанија, Полска, Турција, Монголија, Хрватска, Србија и Црна Гора со младите поети од Радовиш. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11231″] [metaslider id=”12740″] [metaslider id=”5305″] [metaslider id=”12871″] Post navigation РК РАДОВИШ ЗАБЕЛЕЖА ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА ВО СТРУГА ЗАВРШИЈА ТРЕТОЛИГАШИТЕ, ДВА ДЕРБИ НАТПРЕВАРИ НА НАШИТЕ КЛУБОВИ