Општинска организација Радовиш Ве поканува да земете учество на крводарителската акцијата која ќе се одржи на 08.07.2025 година (вторник) во просториите на ОО Црвен крст Радовиш со почеток од 09:00 до 15:00 часот.
Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.
Ве очекуваме,
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.
Црвен крст , општинска организација Радовиш
Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација.
*фото Архива

