Денес во посета на општина Радовиш беа дел од штитениците-лицата со посебни потреби од дневниот центар „Порака“ од Радовиш. Градоначалникот Герасим Конзулов имаше прием на овие штитеници и нивните родители, старатели, каде што беше разговарано за проблемите со кои се соочува овој дневен центар и тековните активности и проекти кои ги опфати овој дневен центар. Општината излезе во пресрет на барањето од страна на „Порака“ за зголемување на моќноста на електричната енергија со нов приклучок од ЕВН и регулирање на греењето во овој дневен центар. Корисниците од „Порака“ оваа зима ќе ја дочекат во комплетно затоплени простории. Извор: Општина Радовиш Post navigation РЕАЛИЗИРАНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ОД ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ППК „РАДОВИШ“ СО МОЖНОСТ ДА ИЗБОРИ ПЛАСМАН ВО СУПЕР ЛИГАТА НА МАКЕДОНИЈА