И оваа година 24 и 25 Јули на Планината Плачковица ќе се одржи едно прекрасно дружење и 10-от по ред Планински велосипедски маратон „Плачковица 2021“. Повеќе информации од страницата на организаторот Подигнување на стартни бројчиња до 9ч, старт ТОЧНО 9:30 (на претпоследната контролна точка ќе има временска рампа, односно тие што ќе заостануваат многу ќе бидат вратени…благодариме на разбирањето) Пријавувањето и уплата за X-то издание на “Планински велосипедски маратон Плачковица 2021” ќе започне од 07.07.2021 и се отворени до …07.2021 година. Мал маратон: 37+-км – 600 денари Голем маратон: 77+-км 800 денари Пријавувањето е задолжително на e-mail: [email protected],потоа ќе добиете информација за уплата, за пријавени се сметаат сите што ќе уплатат котизација до 22.07.2021. Учество на малолетни лица само со потпишана изјава од родител-старател. Задолжително носење на заштитна кацига, и технички исправен велосипед. Лице за контакт и дополнителни информации: Стојан 078 315 213 СЕКОЈ УЧЕСНИК ВОЗИ НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ОДГОВАРА ЗА НЕГОВИТЕ ПОСТАПКИ Информираат од организацијата Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОБНОВЕН Е КОЛОВОЗОТ КАЈ ПОКРАЈЧЕВО ОД МОСТОТ НА РАДОВИШКА РЕКА КОН РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ,,СПАСОВ КОСТАКЕ-ЦОЦО“