Почитувани, Ве покануваме на 2 и 3 ноември заеднички да му оддадеме чест и да ја продолжиме традицијата и љубовта кон алпинизмот, како што тоа несебично го правеше нашиот пријател и колега алпинист Зоран Мајсторски. Меморијалниот собир ќе биде со слободен качувачки карактер, отворен за сите качувачи, љубители на природата и спортот. Учесниците треба да бидат во добра психофизичка форма. За време на собирот, алпинистичкиот дом ќе биде на располагање со капацитет за 10-12 лица, опремен со кујна и инвентар за употреба. Како дополнителна опција, достапен е и простор за поставување шатори во близина на домот. Ве замолуваме за време на качувањето да внимавате на вашата безбедност и на безбедноста на останатите учесници, а отпадот да го оставате во предвидените канти за отпадоци. Контакт за информации и резервации: Гоце Јовановски 072225133 Борче Ѓоргиев 078570093 “Врвовите ќе останат неискачени, иако сега си далеку повисоко од нив. Вечна ти слава!” Со почит, АК Плоча и Македонска алпинистичка Федерација Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Лица вршеле јавен превоз без лиценца. СВР информира дека ќе бидат поднесени соодветни пријави Зимско сметање на времето од овој викенд