Радовишките фудбалските надежи на ФК Азури генерација 2017 предводени од тренерите Дарко Милентијевиќ и Дејан Наков го освоија првото место во својата конкуренција на меѓународниот турнир COOL CUP 2025 кој се одржа изминатите три дена во Скопје. Тие на турнирот остварија пет победи и едно реми и без пораз го освоија првото место.

Во четвртфиналето остварија убедлива победа над одличната екипа на ФК Бутел 5:1 ,во полуфиналето славеа против Хрватскит тим на ФК Осијек со 1:0 и во финалето беа подобри од своите врсници од екипата на ФК Аеродром со резултат 2:0. Исто така да напоменеме дека пред само една недела овие млади фудбалски надежи го освоија првото место и на турнирот Фелер Куп во Неготино.

Наредниот викенд фудбалскиот клуб Азури ќе земе учество на еден од најсилните меѓународни турнири на балканот Илинден куп во Скопје со две генерации 2017 и 2018 год.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!