И оваа година меморијален алпинистички настан посветен на Зоран Мајсторски, човек кој остави значаен белег во македонскиот алпинизам и инспирираше многу генерации планинари и качувачи.
Настанот ќе се одржи на добро познатата локација Пилав Тепе – Плоча, каде што повторно ќе се собереме за заедничко качување, дружење и споделување искуства, во духот на вредностите што Зоки ги негуваше – љубовта кон планината, алпинизмот и другарството.
• КАРАКТЕР НА НАСТАНОТ
Настанот е од слободен качувачки карактер и е отворен за сите љубители на алпинизмот, спортското качување и планината.
• СМЕСТУВАЊЕ И КАМПУВАЊЕ
За учесниците ќе биде достапен Алпинистичкиот дом, кој располага со капацитет од 10 кревети, кујна, инвентар и тоалет.
За ноќевање во домот е потребна претходна резервација, поради ограничениот број на места.
Исто така, ќе има можност за кампување во близина на домот.
• ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА
Во случај на неповолни временски услови, организаторите го задржуваат правото да го променат датумот на настанот. За евентуални измени, учесниците ќе бидат навремено известени.
📞 ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ
Гоце Јовановски – 072 225 133
Борче Ѓоргиев – 078 570 093
Е-пошта: [email protected]
Ве покануваме да ни се придружите на уште една средба исполнета со качување, дружење и заедничко негување на алпинистичката традиција.
Да се собереме на настанот, да споделиме убави моменти и да го зачуваме споменот на Зоки преку она што сите не поврзува – љубовта кон планините и карпите
Со почит,
АК „Плоча“ – Радовиш

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!