Денеска, 15 октомври 2026 година, во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш, се одржа четвртата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, на која учесниците дискутираа за предлог-проекти од интерес на локалната заедница.
Во текот на сесијата беше направен осврт на претходната форумска сесија и работата меѓу сесиите, а учесниците се запознаа и со начинот на гласање и регулирањето на правото на глас.
Посебен акцент беше ставен на презентацијата на трите предлог-проекти: „Инклузивно катче – за сите деца“, „На градот мој“ и „Зелено катче: Еко-инклузивен урбан простор за рекреација и активизам“.
По презентациите, учесниците се запознаа со критериумите за избор на проектите, по што следуваше гласање за предложените иницијативи. Во завршниот дел од сесијата беа разгледани препораките од Форумот до Општина Радовиш и беше формирана работна група за следење на спроведувањето на избраните активности.
Форумската сесија претставува значаен чекор кон поттикнување на граѓанското учество, транспарентноста и заедничкото донесување одлуки за подобрување на условите за живот во општина Радовиш.
Проектот „Зајакнување на општинските совети“ се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!