Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од таму. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation МИЦКОСКИ ОД РАДОВИШ: НОВАТА ИДНИНА Е НА ДОФАТ, ПОТРЕБЕН Е САМО УШТЕ ЕДЕН ИСЧЕКОР РЕЛАТИВНО ТОПЛО ВРЕМЕ, ПО КОТЛИНИТЕ И РЕЧНИТЕ ДОЛИНИ ЌЕ ИМА ПОЈАВА НА УТРИНСКА МАГЛА