Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ:

  • 1 јануари (четврток), Нова Година;
  • 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
  • 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам;
  • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 1 мај (петок), Ден на трудот;
  • 24 мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
  • 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста;
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
  • 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ;
  • 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици);
  • 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
  • 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден;
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

  • 27 јануари (вторник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

  • 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

  • 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

  • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации