Подружницата на Македонски пошти во Струмица доби шест нови возила наменети за транспорт и достава на пратки, со што ќе се подобри ефикасноста и квалитетот на поштенските услуги во регионот.

Од вкупно шесте возила, по едно ќе бидат распределени во поштенските единици во Радовиш и Валандово, додека останатите четири ќе бидат ставени во функција на потребите на струмичкиот регион.

Со оваа инвестиција се создаваат подобри услови за побрза и поефикасна достава на пратки, како и за унапредување на услугите кон граѓаните и деловните субјекти.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!