Средношколската унија при СОУ „Коста Сусинов“ организира „Новогодишна забава и Маскенбал“. Денес во посета на СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш беше Градоначалникот Герасим Конзулов каде што имаше средба со директорот Гоце Лазарев и претставници од Средношколската унија од оваа средно училиште. Градоначалникот Конзулов им ги донираше наградите на Средношколската унија кои ќе бидат доделени утревечер на Новогодишната забава и Маскенбалот кој ќе биде одржан во холот на оваа училиште, а средношколската унија е организатор на оваа манифестација. Post navigation ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР „ПОРАКА“ ГИ ПОСЕТИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ ДОДЕЛЕНИ 28 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕБНАТА 2017/18 ГОДИНА