Распишани се огласи за вработување во Рудникот Бучим. Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање: Инженер за БЗР РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Изработка и имплементација на план за безбедност: Развивање и имплементирање на безбедносни протоколи за работниците на површинскиот коп, објектите за преработка на руда и другите организациски единици, вклучувајќи евалуација на ризици, утврдување на безбедни рути за транспорт и работа, и утврдување на одговорности при несреќи; Контрола на работните услови: Редовно прегледување на работните услови на рудникот, особено поврзано со прашина, бучава, вибрации и хемикалии, и примена на мерки за минимизирање на штетните ефекти врз здравјето на работниците; Следење и инспекција на опремата: Осигурување дека сета опрема е во исправна состојба и одговара на безбедносните стандарди. Вршење редовни прегледи на рударските машини и механизацијата, особено на товарни возила, бушилки и камиони; Планирање и изведба на обуки за вработените: Организирање на обуки за работниците за правилно користење на заштитна опрема, како и заштитни мерки при работа. Редовно ажурирање на програмите за обука во зависност од нови стандарди и технологии; Проценка на ризици и надзор при активности со висок ризик: Вршење детална проценка на ризиците при активности како минирање и ископување, со фокус на безбедност на вработените и минимизација на опасностите; Изготвување и ажурирање на планови за евакуација и прва помош: Развивање на процедури за итни случаи, како и осигурување дека секој вработен е запознаен со правилата за евакуација и дека има пристап до потребните средства за прва помош; Контрола и надзор на подизведувачи: Осигурување дека сите надворешни изведувачи и подизведувачи кои работат на територија на концесијата на рудникот ги почитуваат безбедносните прописи и работат во согласност со локалните и националните стандарди за БЗР; Следење на законската регулатива и стандардите за безбедност: Континуирано следење на националните закони и интернационалните стандарди за безбедност во рударскиот сектор, и адаптација на локалните протоколи според новите прописи; Планирање и управување со лична заштитна опрема (ЛЗО): Обезбедување на соодветна ЛЗО за сите вработени, како и контрола на правилната употреба и редовното заменување на заштитната опрема; Изготвување на извештаи и статистики за БЗР: Редовно подготвување извештаи за безбедност и здравје на работното место, вклучувајќи податоци за несреќи, инциденти и превземени корективни мерки, со цел идентификација на области кои треба да се подобрат. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: ВСС, Дипломиран инженер VII-1 степен/240 ЕКТС (Рударски, Заштита при работа, Технолошки-Металуршки, Електротехнички или Машински факултет) 5 години искуство во рударство или индустрија Уверение за положен стручен испит за безбедност при работа Microsfot Office – одлично познавање на MS Excel, MS Word; Возачка дозвола Б категорија; ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа од Понеделник до Петок: од 08:00 – 16:00 часот Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Инженер за БЗР”. Краен рок за поднесување на апликации: 29.08.2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Инженер – конструктор РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Управување и организација Проектира, развива и подобрува механички конструкции и алати; Подготвува техничка документација (цртежи, спецификации, 3D модели); Координира технички активности со производствените и одржувачките сектори; Учество во анализа на дефекти и изнаоѓање решенија за технолошки подобрувања. Планирање Учествува во стратешко и оперативно планирање за механичка опрема и конструкции; Предвидува технолошки подобрувања и реконструкции на постоечка опрема. Анализи, информации, прегледи и извештаи Изготвува технички и економски анализи за нови решенија; Подготвува извештаи за изведени проекти и предлага иновации. Интерна соработка Соработува со машински инженери, техничари и оператори; Да обезбеди техничка поддршка при изработка и монтажа на алати. Законска регулатива и процедури Обезбедува усогласеност со технички стандарди (ISO, EN, ASME) и законска регулатива во областа на проектирање и безбедност. Управување со документација Води евиденција на изработени цртежи, проекти и прототипи; Архивира техничка и проектна документација. Проекти: Самостојно спроведува или учествува во имплементација на инженерски проекти; Следи и имплементира нови инженерски практики и технологии. Законска регулатива и процедури: Учествува во подобрување на процедури за инженерско проектирање; Вклучен во воведување на стандарди за дизајн, ергономија и одржливост. Друго Врши и други задачи по налог на претпоставениот. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: ВСС – Машински факултет; Познавање на AutoCAD, SolidWorks 3D; Познавање на MS Office пакет; Познавање на Англиски јазик; Најмалку 3 години работно искуство на исто или слично работно место. ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во дневна смена со следниот распоред: 08:00-16:00 часот од Понеделник до Петок Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Инженер – конструктор“. Краен рок за поднесување на апликации: 29.08.2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Општ работник во флотација РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Поддршка при технолошки процес: Перење на истек од материјали од производство и чистење на персипни места на транспортни ленти. Помош при чистење и перење на машини. Рачно чистење и отсранување на материјал Чистење на јами, корита, решетки, транспортери и подови од насобрани материјали (песок, прашина, кал, отпадна руда). Отстранување на заглавен или натрупан материјал во хопери, сита, дробилки и други уреди. Пренос и складирање на потрошен материјал Рачен или механички пренос на вреќи, цевки, алат и опрема. Помош при утовар и истовар на материјал за дневна работа (вар, пена, флокулацијски реагенси). Асистенција при интервенции Држење и донесување на алат и делови при поправки од страна на машинобравари и електричари. Поддршка при отворање на машини, менување на гумени облоги, цевководи и слично. Чистење и одржување на работна средина Редовно метење, перење и одржување на работни патеки, скали, платформи и др. Извршување на други задачи по налог на претпоставените Учествување во чистење по планирани ремонти. Носење и поставување на предупредувачки табли и заштитни огради Помош при подготовка на простории за инспекции, мерења и ремонти. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: НКВ – Предност ќе имаат кандидати со завршено средно образование. ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во дневна смена со следниот распоред: 08:00-16:00 часот од Понеделник до Петок Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Општ работник во флотација“. Краен рок за поднесување на апликации: 20.08.2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Референт за човечки ресурси РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Планирање на човечките ресурси и вработување Изготвување и спроведување на план за потребата на работна сила во Друштвото; Изработка на огласи и нивно објавување; Ажурирање на базата на апликанти согласно објавените огласи и поднесените апликации; Врши селекција на поднесените апликации согласно критериумите објавени во огласот и поднесува предлог листа на кандидати за интервју до предпоставениот; Подготовка на целокупната документација поврзана со вработувањата на кандидатите; Изработка на договори за вработување, пријави,одјави за и од работен однос. Точност и ажурирање Водење евиденција за досиејата на вработените во Друштвото; Организирање на документацијата поврзана со работниот однос во комплетни досиеја за сите вработени во електрноска и физичка форма; Врши скенирање, копирање на потребната документација во службата; Одговара за точно и навремено доставување на изготвената документација до службите и вработените; Одговара на прашања од вработените во рамки на административниот дел; Асистенција во организирање на различни активности и настани од страна на службата; Изработка на документи врз основа на податоци софтверски програми или електронски бази на податоци. Планирање и буџет Во соработка со раководителот за човечки ресурси помага во подготвување и спроведување на годишниот план за потребите од човечки ресурси согласно добиените резултати од направените анализи. Извештаи и анализи Подготвува извештаи на месечно ниво за објавени огласи, нови вработувања, одјави на вработени, упразнети работни места и ги доставува до претпоставениот. Интерна соработка Соработува со сите сектори во друштвото и одржува состаноци со раководниот тим за да ги анализира и оценува потребите од развој на знаења и вештини во секторите со цел да се подобрат перформасите на вработените; Учествува во стручни консултации и работни состаноци во друштвото во врска со прашања од областа на обуката и развојот на нови вработени и на постојните вработени. Законска регулатива и процедури Одлично познавање на законот за работни односи и останатата легислатива од трудовото право; Во договор со претпоставениот соработува со надлежни институции и организации во рамки на своите надлежности. Управување со документација Изготвува решенија за годишен одмор, платено/ неплатено отсутство, потврди од работен однос, договори, анекси, временски решенија, решение за пензионирање, одлуки за раскинување на договор за вработување и ги ажурира податоците за вработените во софтверот; Редење селектирање и организирање на досиејата на вработените и целокупната документација во човечки ресурси. Друго Врши и други задачи по налог на претпоставениот. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: Високо образование во областа на правните или економските науки; Познавање на трудовото законодавство; Познавање на MS Office пакет; Познавање на Англиски јазик; Најмалку 1 година работно искуство на исто или слично работно место. ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во дневна смена со следниот распоред: 08:00-16:00 часот од Понеделник до Петок Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Референт за човечки ресурси“. Краен рок за поднесување на апликации: 29.08.2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Хигиеничар РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Чистење на административни простории Врши дневно бришење на прашина од бироа, шкафчиња, полици, компјутери и опрема. Чисти прозорци, врати, стаклени површини и внатрешна дограма по утврден распоред. Мете и пере подови (со рачни или машински средства), вклучително и ламинат или плочки. Одржување на санитарии и кујнски површини Чисти и дезинфицира санитарни јазли (WC, мијалници, славини, ѕидови, врати) по утврден временски интервал. Ги полни диспанзерите со сапун, хартија, тоалет ролна и средства за дезинфекција. Одржува хигиена во чајни кујни и деловни простории за одмор – брише маси, фрижидери, мијалници и апарати. Управување со отпад Редовно празнење на корпи за отпадоци од сите канцеларии и заеднички простории. Селектира отпад (пластика, комунален отпад) согласно воспоставената политика. Го транспортира отпадот до за тоа предвидено место (контејнери) Одржување на средства и опрема за чистење Ги одржува во исправна состојба алатите и апаратите за чистење (метли, правосмукалки, машини за перење под). Води грижа за рационална употреба на средства за чистење и пријавува потреба за набавка. Складира и чува хемиски средства потребни за одржување на хигиената согласно упатствата. Почитување на безбедносни и здравствени стандарди Работи согласно упатства за безбедно користење на средства за чистење и дезинфекција. Почитува пропишани мерки за лична заштита (ракавици, маска, униформа). Пријавува оштетувања или ризици кои можат да влијаат на здравјето на вработените (влажни подови, лизгави површини, расипани славини). ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: Предност ќе имаат кандидати со завршено средно образование ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во две смени од од Понеделник до Петок со следниот распоред: 06:00 – 14:00 часот прва смена; 14:00 – 22:00 часот втора смена. Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Хигиеничар“. Краен рок за поднесување на апликации: 20.08.2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Post navigation За прв пат во Радовиш позиции за полнење на електрични возила Од денеска започнуваат двонеделните Богородични пости