Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Јавен оглас бр.01/23 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање објавен во (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/23 од 04.05.2023 година). Предмет на Јавниот оглас е земјоделско земјиште во државна сопственост, со вкупна површина од 1.241 ха, 07ари, 51м2, распределено во различни региони како што се: Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Демир Хисар, Штип и Гази Баба. Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Земјоделското земјиште во државна сосптвеност кое се дава во закуп е со намена за: -Подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години, -Подигање на долгогдишни насади со лешник за период до 70 години Одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години, -за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години. Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРИЈАВЕН ФИЗИЧКИ НАПАД ВО ТОПОЛНИЦА ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА ЕВРОПА“ И „ПОБЕДА НАД ФАШИЗМОТ“