Радовиш е домаќин на меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“ во организација на Фолклорниот ансамбл „Бучим“.

По тој повод, беше одржан прием во Општина Радовиш на раководствата на претставниците кои зедоа учество на фестивалот.

Од страна на Секретарот Љупче Почивалец, а во име на Општина Радовиш беа поздравени гостите од странство и нашата држава, а веднаш потоа се одржа и дефилето како и програмскиот дел на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.

Инаку овој фестивал се одржува традиционално по повод празникот на градот „Св.Троица“.

 

 


error: Содржината е заштитена !!