Територијата на нашата држава се соочува со зачестеност на полски и шумски пожари кои се помогнати од зголемувањето на температурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуват животната средина се закануваат и по животот на граѓаните. Општина Радовиш упатува предупредување и апел до сите лица кои работат или се движат на отворен простор, особено на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетна сеидба и се палат отпадоци и стрништа на нивите: – Да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места – Да не се палат стрништа, земјоделски и други површини – Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал – Да не се фрлат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку се забележи пожар на отворен простор, граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината и точноста на информациите зависи и успехот на акцијата за гасење и контрола на пожарот. Доколку се затекнати лица кои палат оган на отворен простор, односно предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, истите ќе подлежат на високи законски санкции. 195 – РЦУК -Регонален центар за управување со кризи 193 – ТППЕ – Територијална противпожарна единица 192 – Полиција 632-274 – РЦУК Радовиш 635-397 – ТППЕ Радовиш 634-105 – МВР ПС Радовиш 617-700 – Општина Радовиш Извор: Општина Радовиш Post navigation ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ УСПЕСИ НА ГИМНАСТИЧАРИТЕ ОД ООУ “НИКОЛА КАРЕВ“ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО