Вчера заврши 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и по којзнае кој пат се почувствува неверојатна енергија меѓу филмофилите, филмските работници и сите што го сакаат големото платно. Беа доделени награди во повеќе категории, а дел од добитниците толку емотивно ја примија веста што едвај можеа да се обратат кон публиката. „Диџеј Ахмет“ е филм на кој публиката му возврати со петминутен аплауз, со солзи и смеа во исто време. И тоа не е случајно – затоа што тоа е уметноста. Да предизвикаш во човекот лавина од чувства, да го натераш да се смее и да плаче во исто време, да се препознае во една розева овца. „Диџеј Ахмет“ е живот, отпор, љубов. „Диџеј Ахмет“ е ремек-дело кое веќе ја надмина Битола и ќе ја освои светската сцена. И да, на крајот сите чекаа ред за фотографија со ѕвездата на вечерта. Но вистинската фотографија остана врежана во нас – една публика што стои и аплаудира пет минути, срца што чукаат во ист ритам со музиката на Ахмет. Ахмет, младиот и бунтовен овчар, носи свој свет длабоко во себе. Деновите му минуваат во грижа за овците, во тишина со братчето кое не зборува, во дом со татко кој тагата ја претворил во тврдокорност. Ноќе, кога светот заспива, неговото срце чука во ритамот на диџеј сетови – музика која за него не е само забава, туку начин на преживување. Неговото „не слушај Шакира, слушај диџеи“ е повеќе од шега, тоа е манифест на новата генерација која бара свој глас. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Мицкоски: Почнува нова изборна кампања, ЗА НАС И НОВ ИСПИТ, нашите градоначалници изградија 770 км патишта, 47 км нови водоводи Интервју: Столе Николов, носител на советничката листа на политичката партија ЗНАМ