ЕЛС Радовиш во соработка со ДУО ЕЛКОЛЕКТ од Скопје по претходно добиена дозвола од Министерство за финансии, врз основа на член 125 став 5 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри организира наградна игра ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“.

 Цел на наградната игра  е подигнување на јавната свест во поставувањето со Е- отпадот ( отпад од електрична и електронска  опрема).

За учество во оваа наградна игра, потребно е да се одложи Е – отпад од големи  и мали  домашни апарати на содветни локации.

За големите  домашни апарати, доставувачите ќе добиват по два купона а одложувањето се врши во кругот на ЈКП Плаваја – Радовиш.

Под големи домакински апарати, спаѓаат:

– Опрема за информатичка технологија и телекомуникација,

– Опрема за широка потрошувачка и забавна електроника и

– Електричен и електронски алат.

За малите домашни апарати следува по еден купон, а нивното одложување е во Основните училишта на нашата Општина, во Центарот  за Култура и во ЈКП Плаваја – Радовиш.

Во мали домашни апарати, се опфатени:

– Опрема за осветлување

– Електрични и електронски играчки

– инструменти за следење и контрола.

НАГРАДЕН ФОНД

– Таблет ES-BEAUTY- W7″/1GB/8GB

– НЕ Цедалка СЈ-401 W

-KEYBOARD + MOUSE CLICK USB KM – L2W

– ISKRA Smothie mejker HY 1302  300 W/0.6L

– Фен за коса MAKS HD 3290 W

– ISKRA SW-817  A–LI чопер

– Сенкор СЦД 4400W Будилник

 

    Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 14.06.2019год., во Центарот за Култура Ацо Караманов со почеток од 14 часот.

 

 



[metaslider id=”8376″]


 




 




 

error: Содржината е заштитена !!