Во текот на вчерашниот ден попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови. Пописот започна, а не бил пријавен ниту каков било технички проблем, изјави вчера директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Македонија е поделена на 50 пописни реони, а за подготовка, организација и спроведување е задолжен Државниот завод за статистика. Во организацијата и спроведувањето на Пописот учествуваат и Советот за статистика, комисиите за пописните реони, државните инструктори, реонските инструктори, реонските попишувачи и други учесници согласно одредбите од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Пописот ќе трае до 30 септември, а Заводот за статистика треба да ги објави резултатите шест месеци по завршувањето на теренските активности, но од Државниот завод за статистика најавија првични резултати во јануари следната година. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОРГАНИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР РОКОТ ИСТЕКУВА ЗА ПРОВЕРКА ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК