Под наслов „ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ДОБРИ ПРАКТИКИ“ вчера во општина Радовиш беше одржана заедничка средба на клучните чинители од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“. Гости а воедно и презентери на оваа тродневна активност се партнерите од општина Белишче од Република Хрватска, Г-ѓа Љерка Вучковиќ – Заменик Градоначалник како и претставниците Романо Клајнсчек и Игор Палох. На првиот ден 25.05.2023 год., по поздравните обраќања од страна на Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец и Заменик Градоначалникчката на Белишче, беа одржани презентации под заеднички наслов : Белишче – енергетски независен град, Проект – изградба на еко топлана и Проект – реконструкција на јавно осветлување во Белишче по ЕСКО моделот. По презентациите, помеѓу присутните и гостите беше отворена дискусија во однос на проблемите, искуствата и практиките околу управувањето на општинските услуги за греење со користење обновливи извори на енергија. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Фото: ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ НАСТАВНИЦИ, ПРОФЕСОРИ И ВОСПИТУВАЧИ ВО РАДОВИШ ВО РАДОВИШ ЌЕ БИДЕ ОРГАНИЗИРАН ПРОДАЖЕН „САЕМ НА КНИГАТА“