Пријава за насилство во село Калуѓерица

Нa 05.10.2025 во 21:30 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода М.Е.(37) од село Калуѓерица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ги нападнал С.Т. и М.Т. од истото село, а со употреба на сила и предмети ја оштетил и нивната куќа. М.Е. е задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

 

По целосно документирање на случајот против М.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.


 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации