На археолошкиот локалитет „Бела Црква“ во Радовиш започнаа сондажни археолошки истражувања во координација со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, при што веќе на почетокот од истражувањата се пронајдени гробови кои претставуваат дел од некрополата во близина на црквата на локалитетот. Истражувањата имаат за цел да утврдат дали на просторот каде што се изведуваат работите постојат остатоци од културно наследство и да се дефинира нивниот обем и значење. „Сондажните археолошки истражувања ќе продолжат на овие парцели сè додека не бидат опфатени сите предвидени локации“, изјави Зоран Николов, виш кустос археолог од Завод и Музеј – Штип. Активностите се реализираат со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и на Општина Радовиш, која најавува дека во наредниот период ќе го преземе целосното финансирање на систематските археолошки истражувања на локалитетот Бела Црква. Откриените наоди претставуваат значаен чекор кон подобро истражување и заштита на богатото културно-историско наследство на Радовиш и неговата околина. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 📜 БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ОД 1913 ГОДИНА – МОМЕНТ КОЈ ЈА ПРОМЕНИ КАРТАТА НА МАКЕДОНИЈА 🎸 МАКЕДОНСКИ РОК ВО РАДОВИШ! 🎶 На 28 август, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок! 🤘