Вчера вечерта на магистралниот пат Радовиш-Штип полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип. Во близина на селото Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Post navigation Порталот RadovisNews член на IAB Macedonia РАДОВИШКИ КОМПАНИИ НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РУСКАТА АМБАСАДА