Денес во Радовиш се одржа работилницата и дискусија „Поблиску до граѓаните: Заштита од дискриминација и унапредување на човековите права“, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител, со поддршка на Советот на Европа. На настанот беа презентирани механизмите за заштита на човековите права, улогата и надлежностите на институциите во спречувањето на дискриминацијата, како и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за остварување и заштита на нивните права. Преку отворена дискусија беа разменети мислења и искуства со цел зајакнување на свеста за еднаквоста, недискриминацијата и пристапот до правда. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Основците и средношколците одат на летен распуст Среќен распуст и успешна иднина за сите ученици и полуматуранти!