РК Радовиш во сабота го очекува важен натпревар против екипата на РК Текстилец, во рамките на Првата ракометна лига на Македонија. Токму затоа, Радовиш ќе влезе во натпреварот со императив за победа и освојување на двата бода, со цел да ја подобри својата позиција на табелата и да не дозволи конкурентите да направат поголема бодовна предност. Текстилец, имаше четири последователни победи, и еден пораз во последното коло и со осум бодови го дели првото место на табелата. РК Радовиш досега има една победа, три нерешени и еден пораз, со што се наоѓа на осмото место со пет бодови. Поддршката од трибините може да биде дополнителен мотив за ракометарите на Радовиш во обидот да стигнат до нова победа! 📅 Сабота, 17 октомври 🕕 18:00 часот 📍 Спортска сала „25-ти Мај“ – Радовиш © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ФИЗИЧКИ НАПАД ВРЗ ЖЕНА ВО СЕЛО ПОДАРЕШ ВТОРО КОЛО ОД ОФЛС – НОВИ ФУДБАЛСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЕКИПИТЕ ОД РАДОВИШКО!